Килим
Ткаењето е уметност која беше успешно практикувана сé од најраните периоди. Основата на ткаењето е во создавање текстил со соединување на вертикалните и хоризонтални нишки. Килимите се изработени по принципот лито ткаење, или мазно ткаење. Тука не постојат јазли, туку шарите, дизајнот се гради низ разни преплети по хоризонтала или пак градење по форма од дизајнот. Ги изработуваме на хоризонтален разбој кои има одредена ширина а должината нуди различни и поголеми димензии.
@dijanatomikphotography