My website is under construction

Navigation Menu+

Locations

Posted on Nov 18, 2017 | 0 comments

Locations

Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Македонија. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по  зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од османлиите. Во времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“.

Тој припаѓа на еден од многуте градови во Македонија (Скопје, Крива Паланка, Свети Николе, Дебар, Македонска Каменица, Делчево, Крушево, Лазарополе), каде во втората половина на XX век биле оформени килимари и започнале со изработка на рачно ткаени теписи. Во самиот град, работеше килимара каде се изработуваа рачно ткаени, јазлувани теписи. За жал овој занает, полека изумира, со уште мал број ткајачки. Нашите напори се долготрајни, трагајќи по вредни раце и нови потенцијали.

@dijanatomikphotography                                charlesfred – Flickr

Submit a Comment